Monday, April 8, 2013

АЦЕТИЛСАЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА

Aцетилсалицилната киселина за прв пат е синтетизирана во 1897 година од страна на хемичарот Dr. Felix Hoffman, во фармацевтската компанија Bayer. Оваа фармацевтска компанија набрзо ја лансирала ацетилсалицилната киселина под името „Аспирин“ и тој станува најпопуларен лек во светот.


Добивање:Се добива синтетски со ацетилирање на салицилната киселина.
 Докажување:Сублиматит добиен со загревање на аспиринот со раствор на FeCl3 дава виолетово обојување.Не смее да содржи салицилна киселина и   органски примеси,тешки метали,хлориди и сулфати.Содржината се одредува со метод на неутрализација.
 Механизам на дејство: – Има аналгетично, антипиретично и антиревматично дејство. Што се однесува до механизмот на кој дејствува, се смета дека овие дејства се резултат на следниве механизми:



Антипиретичното дејство е веројатно резултат на дејствата врз терморегулациониот центар, кој во состојба на хиперпирексија функционира, но на повисоко ниво. Покачената телесна температура се снижува како резултат на дилатација на периферните крвни садови и поради потењето.


Аналгетично дејство се смета дека исто така е од централно потекло, меѓутоа се семта дека и периферните дејства на лекот учествуваат во ова.

Антиревматичното (антиинфламаторното) дејство веројатно е резултат на васкуларните дејства на лековите. Во последно време има и други согледувања во смисла дека овој лек врши инхибиција на синтезата на некои простагландини, за кои сега се смета дека на некој начин се вмешани во настанувањето на инфламаторните процеси.


Освен овие три главни дејства, аспиринот има и некои други фармаколошки дејства, меѓу кои се поважни следниве – предизвикува хипопротромбинемија, спречува агрегација на тромбоцити како и способност да ја инхибира реапсорпција на мочната киселина во бубрежните тубули.

 

No comments:

Post a Comment