Monday, April 8, 2013

НАРКОАНАЛГЕТИЦИ

Во оваа група аналгетици најпознат аналгетик е природниот производ морфин и неговите сродни соединенија кои се добиени со разни модефикации.Најпознати модификации со структурата на морфин се:естириикација на фенолната група,естерификацијата на алкохолната група,оксидација на алкохолната група во кето група,хидрогенација на двојната врска(во положба 7-8).
                            
 Добивање:Се добива од опиумот или со тотална синтеза.
Особини:Бели или скоро бели кристали без мирис,со горчлив вкус.Умерено се раствара во вода.
Докажување:Кога малку супстанца ке се помеша FeCl3 се бои плаво или зелено-плаво.Со растварање со концентриран HNO3 морфинот се бои црвено-протокалово.
Нечистотии:Не смее да содржи алкалии и киселини,а се испитува и на присуство на други алкалоиди влага и остаток послем жарење.
Одредување содржина:Се одредува со титрација во неводена средина.
Несакан ефект:Толеранција и зависност.Зависност може да се наји послем 14 дена.
Инкопатибилија:Бромиди,јодиди,соли на тешки метали и алкални супстанции.
Употреба:Во комбинација со спазмолитици кај спазам на жолчните и уринарните патишта.Како аналгетик индициран е само кај најјаки болки
пропратени со голем страв и немир. Пр.Посперативни болки,кај карцином и др.


No comments:

Post a Comment