Monday, April 8, 2013

ДЕРИВАТИ НА ПАРАМИНОФЕНОЛ-ПАРАЦЕТАМОЛ

+ Paracetamol е тераписки активен метаболит на фенацетинот,мегутоа бидејки фенацетинот дава и метаболити со несакани ефекти се смета дека парацетамолот е подобар лек од фенацетинот.Се добива синтетски.



Особини: Бели кристали или кристален прасок без мирис, со горчлив вкус,многу тешко се раствара во вода.
Докажување:Со фери хлорид дава плаво-виолетово обојување.
Можни механизми на аналгетското делување на парацетамолот:
-Инхибиција на простагландинот во ЦНС.
-Антагонистичко делување на ексцитаторните трансмитери (НМДА,СП)
-Јакнење на сеноторинергична денцентентна контрола
-Јакнење на опоидната контрола
-Делување на системот НО




Употреба:Аналгетик и Антипиретик

Парацетамолот е лек од прв избор за слаба и умерена болка кај сите возрасти,како и кај пациенти со оштетена бубрежна функција.Тој може да се употребува во вид на прашок,таблети и супозитории.Неговиот прекузор се користи за интравенска и интрамускулна употреба.Постојат и комбинации на парацетамолот со кодеинот и кофеинот.


-Испитувањата покажале дека аналгетското дејство на парацетамолот настапува кога неговата концентрација во крвта е 10-30 мг.

-Доза од 250мг/кг доведува до некроза на црниот дроб.


No comments:

Post a Comment