Дериватите на пиразолонот се успешни аналгетици,антипиретици и антиреуматици.Нивното аналгетско дејство е појако од она на аспиринот или парацетамолот.
+Phenazonum (Antipirin)
Особини:Безбојни кристали или бел кристален прашок без мирис со слабо горчлив вкус,многу лесно се раствара во вода
Докажување:Раствор на феназон со фери хлорид се бои црвено,а со додавање малку раствор на натриум нитрат и сулфурна киселина бојата поминува со зелена.
Употреба:Антипиретик и аналгетик,меѓутоа повеке се користи во некој креми за надворешна употреба.
+Aminophenazonum (Aminopirin)
Особини:Безбојни кристали или бел кристален прашок без мирис,горчлив вкус,многу лесно се раствара во вода.
Докажување:Раствор на аминофеназолон со раствор на сребро нитрат постепено се бои виолетово,а потоа се издвојува сиво-црн талог.Со растворот од фери хлорид се бои веилетово.Не смее да содржи аргански примеси,а се испитува на присуство на сулфати,тешки метали,хлориди,демитилирани производи на аминофеназон.
Употреба:Аналгетик и антипиретик.Во терапија се користи помалку затоа што предизвикува оштетвање на коскената с’рж и агранулоцитоза,а се смета и за канцероген.
No comments:
Post a Comment