Несакани дејства: Гастритични тешкотии. Доста често доведува до иритација на слузницата на желудникот, проследена со епигастрична болка, постоење на улцус може да ја влоши состојбата.Гастроинтестинални крварења кои настануваат поради хипопротромбинемичното дејство на лекот.
Труење со аспирин: При земање на големи дози аспирин, се добива зуење во ушите, вртоглавица, наглувост, стимулација на респираторниот центар кој подоцна се заменува со депресија.
Кој пациенти не треба да пијат аспирин?
- Лицата со докажана алергија на аспирин (аспирин индуцирана астма)-Луѓе со сколоност кон краварење
-Пациенти со чир на желудникот и дванаесетпалчното црево
-Пациенти со активна болест на црниот дроб, ако примаат антикоагулантна терапија( хепарин, синтром) или кој примаат НСАИЛ (кетонал,диклофенак,волтарен).
No comments:
Post a Comment