Monday, April 8, 2013

САМОУБИСТВА СО ПОМОШ НА ПАРАЦЕТАМОЛ


“Парацетамолот често се користи при обиди за самоубиство или поради погрешна употреба предизвикува различни оштетувања”,вели Ulrih Hageman од Сојузниот институт за лекови и медицински производи.Секоја година во централата која ги регистрира случаите на труење со лекови се забележуваат 4000 случаии на предозирани од парацетамол.Од овој број 10% отпаѓа на самоубиствата 400 случаи.
Поради тоа,во Велика Британија уште пред неколку години се намалени дозите на парацетамолот во пакувањата кои можат да се добијат на рецепт.
Од 1-ви април за парацетамолот во Германија е потребен рецепт.Во аптека може да се купи само во многу мали дози бидејќи парацетамолот е токсичен при постојана употреба,а при употреба во поголеми дози може да доведе и до оштетување на црниот дроб или да ја загрози фунцијата на бубрезите.




No comments:

Post a Comment